Како и во текот на викендот и денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу и топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од источен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени.
Во Велес, според синоптичарите, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Живата во термометрите во Велес ќе се искачи до 39 Целзиусови степени.
























