Сончево и топло време со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска. Температурите ќе се движат од 10 до 19 степени во утринските часови, додека максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 39 степени.
Во вечерните часови се очекува локална нестабилност, со услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Велес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а во попладневните часови во делови од котлината постои можност за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура во Велес ќе биде околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

























