Денес и во петок нестабилно време, потоа следува стабилизација

Dozd

Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Zito baner
Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: