Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат метеоролозите за денеска. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува да има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд кој во одредениделови ќе биде и над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град.

Zito baner

Утринската температура ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 22 до 34 степени.

Agria

И во Велес денеска се очекува да има променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од велешката котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро до 30 во текот на денот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: