100 казнени секунди го оставија Смилев без финале на Светското првенство во Краков

Кристијан Смилев не успеа да избори пласман во финалето на Светското првенство во Краков за јуниори и натпреварувачи до 23 години, откако полуфиналната трка ја заврши на 30. место.

Zito baner

Македонскиот кајакар заостана 104 секунди зад победникот Килијан Каединг од Германија, но пресудни за ваквиот епилог беа грешките на осмата и 16. капија, поради кои доби вкупно 100 казнени секунди. Без тие казни, Смилев ќе обезбедеше пласман во финалето на Светското првенство.

Agria

Смилев претходно имаше одличен настап во квалификациите, каде го освои 20. место и обезбеди место меѓу 30-те најдобри јуниори во светот. Сепак, двете грешки во полуфиналето ги урнаа неговите шанси за борба за медал.

И покрај разочарувачкиот крај на настапот, пласманот во полуфиналето претставува значаен успех за младиот македонски репрезентативец на светскиот шампионат во Краков.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: