Денеска времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 34 степени.
Во Велес, исто така, се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе се искачи до околу 34 степени.
























