Запален автомобилот на Ѓоко Ристов

Zapaleno vozilo

Ноќеска во Тафталиџе изгоре автомобил „пасат“ сопственост на Ѓ.Р., кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов. МВР врши увид, пренесува Телевизија 24.

Zito baner

Патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки ноќеска целосно изгоре во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект. Според неофицијални информации, автомобилот бил поврзан со судијата Ѓоко Ристов.

Agria

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од огнената стихија, а најголема штета е причинета во предниот дел и моторниот простор. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје.

„На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.“, соопшти МВР.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: