Вистинска драма се одвивала ноќеска на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, каде полициски службеници привеле 26-годишен велешанец кој агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 15 јули околу 02:15 часот, кога полицајците го привеле Е.Х.(26) од Велес поради неговото агресивно однесување.
При извршен преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Дополнително, било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол, при што апаратот покажал 1,00 промили алкохол во крвта.
„На 15.07.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Е.Х.(26) од Велес, затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени задачи, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Исто така, утврдено е дека Е.Х. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,00 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.






















