Досегашниот претседател и сопственик на клубот, Марјан Нацев, се повлече од функцијата претседател поради здравствени причини. Сепак тој останува како сопственик на клубот.
Со неговото повлекување, клубот во наредниот период ќе биде раководен од Управен одбор, кој допрва треба да се конституира. Засега не е познато кои лица ќе бидат дел од новото раководно тело.
Целта е клубот организациски и финансиски да се стабилизира пред почетокот на новата сезона во Третата фудбалска лига – Југ, каде што ќе ги продолжи натпреварите.
Од клубот очекуваат новиот Управен одбор во најкус можен рок да ги преземе сите неопходни активности за непречена подготовка на тимот и нормално функционирање во пресрет на стартот на првенството.






















