Со седум нови имиња Башкими од Горно Јаболчиште ќе атакува на титула

Екипата на Башкими од село Горно Јаболчиште, на својот фејсбук профил објави седум нови имиња во ростерот  во пресрет на новата сезона во Третата фудбалска лига Регион 4. Клубот го засили досегашниот резервен голман на Борец 1919, Астрит Имери, како и  Ермал Рахмани кој доаѓа од редовите на  Беса Сарај.

Zito baner

Нови членови на третолигашот се и Дритон Јонузи, Енди Мандак, Јосиф Манасиев, Бојан Манчев и Александар Јордановски. Станува збор за фудбалери кои зад себе имаат искуство во домашниот шампионат и од кои во клубот очекуваат да придонесат во остварувањето на амбициозните цели сезонава.

Agria

Манасиев и Јордановски доаѓаат од екипата на Превалец, додека Мандак доаѓа од редовите на Брегалница Штип, додека последен клуб за Бојан Манчев беше Вардар Неготино.

Со овие ангажмани Башкими јасно покажува дека сериозно се подготвува за предизвиците во третолигашката конкуренција, а во наредниот период не се исклучува можноста клубот да претстави и нови засилувања.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: