Дарко Жабев повторно во националниот тим, либерото на ГОК Борец доби повик за подготовките за ЕП 2026

Либерото на велешкиот одбојкарски прволигаш ГОК Борец, Дарко Жабев, повторно ќе го облече дресот на македонската сениорска репрезентација.  Селекторот Јошко Миленкоски го вклучи Жабев во списокот  за подготовките пред настапот на Европското првенство 2026.

Zito baner

Според официјалната покана испратена до велешкиот клуб, машката сениорска репрезентација ќе ги започне подготовките на 5 август во Крушево, каде што е закажан и првиот собир на репрезентативците. Играчите треба да се јават во хотелот „Монтана“ во 12 часот.

Agria

Повикот за Жабев претставува уште едно признание за неговите настапи во дресот на ГОК Борец, но и потврда за квалитетната работа што ја реализира велешкиот клуб во изминатиот период.

За ГОК Борец ова е значајно признание, бидејќи клубот повторно ќе има свој претставник во најдобриот национален состав, кој ќе се подготвува за настапот на континенталниот собир следната година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: