Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.
Според УХМР, во петок, под влијание на влажен бран, се очекуваат повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, со над 15 литри на квадратен метар. На одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурите значително ќе се намалат.
























