Денес времето ќе биде променливо облачно, со локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата, на одделни места нестабилните процеси може да прераснат во краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во некои подрачја се очекува ветерот да достигне брзина поголема од 60 километри на час.
Метеоролозите најавуваат дека по денешната нестабилност ќе следува период на стабилно, сончево и топло време, како резултат на влијанието на поле со висок воздушен притисок.
























