Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Според метеоролозите, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури ќе се движат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните дневни вредности ќе се искачат и ќе достигнат од 30 до 35 степени Целзиусови.
Слични временски услови се очекуваат и во Велес. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во скопската котлина ќе се спушти до 18, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени.
























