(ВИДЕО) Петмина велешани на европското првенство во кајак слалом во француски Епинал

Со свечено дефиле низ улиците на францускиот град Епинал официјално започна Европското првенство во кајак слалом за јуниори и натпреварувачи до 23 години. Во јуниорска конкуренција ќе настапат Кристијан Смилев, Филип Петрушев и Павел Димовски, додека во категоријата до 23 години Македонија ќе ја претставуваат Стефан Рибарски и Илија Ѓорѓиев.

Zito baner

На едно место се собраа најдобрите млади кајакари и кануисти од Европа, за кои ова првенство претставува важна можност за стекнување меѓународно искуство и чекор поблиску до сениорската елита.

Agria

Утрешната програма започнува во 9 часот и носи повеќе од 200 индивидуални стартови во квалификациските трки во К1 во јуниорска и У23 конкуренција, во женска и машка категорија.

Од 14:30 часот вниманието ќе биде насочено кон тимските натпревари, во кои ќе има повеќе од 50 настапи. Во четирите директни финалиња ќе бидат доделени првите четири европски титули на шампионатот – во јуниорска и У23 конкуренција, во женска и машка категорија.

Во тимските натпревари ќе настапат и македонските претставници, меѓу кои и петмината велешани, кои ќе имаат можност да се борат со најдобрите млади кајакари во Европа.

За Смилев, Петрушев, Димовски, Рибарски и Ѓорѓиев ова е голема шанса за докажување на европската сцена, но и за собирање драгоцено искуство на патот кон сениорската конкуренција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: