Смилев во полуфинале на Европското првенство во Епинал, Рибарски за малку без пласман меѓу најдобрите 30

Кристијан Смилев обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство во кајак слалом за јуниори и натпреварувачи до 23 години, кое се одржува во француски Епинал. На денешната програма се возеа квалификациските трки во К1 во јуниорска и У23 конкуренција, во машка и женска категорија, како и тимските возења.

Zito baner

Смилев со 21. место беше најуспешниот од македонските претставници во јуниорска конкуренција и единствен обезбеди пласман во полуфиналето. Филип Петрушев заврши на 47. место, додека Павел Димовски беше 51. Во конкуренција до 23 години, Стефан Рибарски за малку остана без полуфинале, откако квалификациите ги заврши на 35. место. Илија Ѓорѓиев го освои 46. место.

Agria

Македонските кајакари настапија и во тимските возења. Јуниорскиот тим во состав Кристијан Смилев, Филип Петрушев и Павел Димовски го освои 11. место. Во категоријата до 23 години, тимот составен од Кристијан Смилев, Стефан Рибарски и Илија Ѓорѓиев заврши на 16. место.

Во петок продолжуваат возбудувањата  на Европското првенство во Епинал, каде Смилев ќе биде единствениот македонски претставник во полуфиналните возења.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: