Велешанецот Атанасовски го засилува Вардар Неготино

Велешанецот Јован Атанасовски во новата сезона ќе има нов предизвик. Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција го напушта штипски Текстилец и кариерата ќе ја продолжи во Вардар Неготино.

Zito baner

Атанасовски во изминатите неколку сезони се наметна како еден од најопасните стрелци во Првата лига, а квалитетот го потврди и минатата сезона. Во дресот на Текстилец на 22 натпревари постигна 160 голови, односно во просек повеќе од седум погодоци по натпревар, со што заврши на шестото место на листата на најдобри стрелци.

Agria

Во Неготино велешанецот ќе има можност да продолжи со своите одлични настапи и да биде важен дел од тимот кој во новата сезона има високи амбиции.

Во Неготино пристигна и искусниот велешанец Мартин Димов, кој зад себе има богато суперлигашко искуство. Димов во најсилната македонска конкуренција настапуваше за Вардар, Вардар Јуниор и Пролет, а неговото искуство треба да биде дополнителен адут за неготинскиот состав.

Нов тренер на тимот е Аце Станковски, кој ќе има задача да ги вклопи новите засилувања и да го предводи Вардар Неготино во сезоната со амбиција за што подобар пласман.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: