Кожувчанка ги објави донациите: Поддржавме спорт, здравство, култура и образование со над 1,5 милиони евра

Kozuvcanka donacija 1

Компанијата „Кожувчанка“ соопшти дека во изминатите пет години инвестирала повеќе од 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, во донации и спонзорства низ Македонија. Од компанијата велат дека општествената одговорност не ја гледаат како обврска, туку како дел од вредностите врз кои го градат своето работење.

Zito baner

„Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата“, наведуваат од „Кожувчанка“.

Agria

Според објавените податоци, средствата биле насочени кон поддршка на спортот, културата, здравството, образованието, локалните заедници, како и различни иницијативи кои имаат цел да придонесат за подобар и поквалитетен живот на граѓаните. Од компанијата порачуваат дека и во иднина ќе продолжат да инвестираат во проекти и активности од јавен интерес.

„Поддржувавме спорт, култура, здравство, образование, локални заедници и иницијативи кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на нашите сограѓани. Затоа што за Кожувчанка, луѓето и заедницата се секогаш на прво место“, наведуваат од компанијата.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: