Велешанец приведен поради нарушување на јавниот ред и мир

Вчера во 09:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле 33-годишниот Ѓ. Ш. од Велес поради нарушување на јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување.

Zito baner

Според информациите од полицијата, тој оштетил дел од покуќнината во домот и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Agria

По преземените мерки и извршените проверки било констатирано дека Ѓ. Ш. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,63 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: