Благој Гугинов во финале на Европското првенство во Грандтули

Благој Гугинов обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кајак спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска.

Zito baner

По вториот настап во квалификациите, Гугинов го потврди одличниот резултат и заврши на третото место во генералниот пласман, во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски нации.

Agria

Со овој резултат, младиот македонски натпреварувач обезбеди место меѓу најдобрите и утре ќе настапи во големото финале, каде што ќе има можност да се бори за медал и висок пласман на Европското првенство.

Сите погледи утре ќе бидат вперени кон Грандтули, каде Благој ќе го даде максимумот во борбата за европски медал.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: