Возач од Велес лишен од слобода, управувал иако имал забрана

На 17 август во 17:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.З.(36) од Велес, кој бил затекнат како управува возило и покрај изречена забрана.

Zito baner

При сообраќајна контрола на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, било запрено патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.

Agria

По извршените проверки било констатирано дека тој управувал со возилото иако имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки на јавен обвинител, А.З. бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: