Пожарот од Велес се шири кон Зелениково, заштитени две села

Сеуште е активен е пожарот кој од подрачјето на Велес се шири кон Зелениково. Пожарникарите на терен, со ползење и пробивање низ густа вегетација и трња, се движеле по самата огнена линија, при што успеале да заштитат две загрозени села.

Zito baner

Во текот на вчерашниот ден избувнале вкупно 29 пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 23 се изгаснати, додека шест пожари и претпладнево остануваат активни.

Agria

Пожарот во Македонски Брод е значително намален. Во неговото гаснење интервенирале и три „ертрактори“, како и полициски хеликоптер.

Активен пожар има и во Студеничани, кај селото Рамни Габер, но огнената линија е оддалечена од селото и во моментов не го загрозува.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: