Велешкиот одбојкарски судија со значката на ЦЕВ, Амбарков Орданче, е дел од БВА зонските квалификации за Европското првенство во 2027 година за одбојкарки до 20 години, кои се одржуваат во Босна и Херцеговина.
За велешкиот арбитар турнирот започна со голем предизвик. Амбарков беше делегиран за судија на натпреварот меѓу Турција и Бугарија, кој заврши со убедлива победа на Турчинките од 3:0. Средбата беше означена како дерби на колото во групата Б, во која настапуваат уште репрезентациите на Србија и Русија.
Македонија е во групата А, а турнирот го започна со пораз од Романија. Денеска од 14:30 часот македонските одбојкарки ќе го одиграат вториот натпревар, против Белорусија, додека групната фаза ќе ја заокружат на 21 август од 19:30 часот со дуел против домаќинот Босна и Херцеговина.

За Амбарков Орданче, кој веќе има значајно меѓународно искуство и важи за еден од најдобрите македонски одбојкарски судии, ова е уште една потврда за неговиот квалитет и довербата што ја има од европската одбојкарска федерација.
По првата номинација, останува да се види дали велешкиот судија ќе добие доверба и за некои од клучните натпревари во завршницата на квалификацискиот турнир.






















