Велешките ракометни надежи од „Гемиџии“ на голем меѓународен турнир во Крагуевац

Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, денеска го започнуваат настапот на големиот меѓународен ракометен турнир „Handball Trophy Serbia“, кој од 22 до 26 август се одржува во Крагуевац, Србија.

Zito baner

Велешките ракометни надежи на „Гемиџии“ ќе се натпреваруваат во групата Б, каде за противници ги имаат екипите на Пирин од Бугарија, Раднички и Шамот од Србија и Киштерчаи од Унгарија. Првиот натпревар младите велешки ракометари го играат денеска против бугарскиот Пирин, со што ќе го започнат предизвикот на силната меѓународна конкуренција.

Agria

Турнирот годинава го слави своето 13. издание и на едно место собра 95 екипи од 11 европски земји. Во текот на петте натпреварувачки денови, Крагуевац ќе биде домаќин на близу 2.000 млади ракометари, тренери и спортски работници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Романија, Бугарија, Унгарија, Полска, Франција и Србија.

За генерацијата 2011 на РК „Гемиџии“, настапот во Крагуевац претставува одлична можност за стекнување ново искуство, квалитетни натпревари и претставување на велешкиот ракомет на меѓународна сцена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: