Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, со победа го започнаа настапот на големиот меѓународен турнир „Handball Trophy Serbia“, кој од 22 до 26 август се одржува во Крагуевац, Србија. Велешките ракометни надежи во првото коло беа подобри од екипата на РК „Пирин“ од Бугарија, совладувајќи ја со резултат 15:10.
За „Гемиџии“ утре следува вториот натпревар од групната фаза, против екипата на СПД „Раднички“ од Србија. Велешани се натпреваруваат во групата Б, заедно со „Пирин“ од Бугарија, „Раднички“ и „Шамот“ од Србија и „Киштерчаи“ од Унгарија.
За младите ракометари на „Гемиџии“, турнирот во Крагуевац е одлична можност за стекнување ново меѓународно искуство и проверка на квалитетот во конкуренција на екипи од регионот.





















