Сончево и топло време ќе преовладува во претпадневните часови, додека во попладневните и вечерните часови во некои делови од државата се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално се можни поинтензивни невремиња проследени со засилен ветер и град.
Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени.
Во Велес ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од главниот град се очекува пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде околу 20 степени, а максималната ќе достигне 38 степени.
























