Сончево и топло, температурите до 37 степени

veles-avgust-2021

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат попладне во делови од државата.

Zito baner

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 29 до 37 степени.

Agria

Времето во Велес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во делови од котлината попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од минимални 19 до максимални 37 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: