Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, дознава порталот 24инфо од свои извори.
Според информациите на 24инфо, причина за неговото хоспитализирање е влошување на постоперативна инфекција, по што била потребна лекарска интервенција и болнички третман.
Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за понатамошниот тек на лекувањето.
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје.
Извор на веста: 24info.mk






















