Членовите на ККК „Арка-Борец“ имаа успешен настап на денешните натпревари во СУП во Охрид, каде тројца натпреварувачи забележаа вкупно пет настапи.
Никола Стојков освои сребрен медал во дисциплината Sprint на 200 метри во категоријата 6–10 години, а во Sprint на 500 метри во истата категорија заврши на четвртото место.
Бронзен медал освои Лоренс Стојков во дисциплината Mega 500 метри во категоријата 18+.
Успешен настап имаше и Александра Стојкова, која освои две четврти места – во Sprint 500 метри во категоријата 18+ и на 2,5 километри Inflatable.
Со освоените два медали и уште три пласмани меѓу најдобрите четворица, натпреварувачите на „Арка-Борец“ имаа забележителен настап на охридските натпревари.






















