Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во одредени места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, со силен ветер, пороен дожд и услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.
Во новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.

























