Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






















