Времето денес: Сончево и топло, попладне невреме со пороен дожд и град

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Zito baner

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд и град.

Agria

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и утре претпладне времето ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови повторно се очекува појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за град.

До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: