59-годишен велешанец бил пронајден починат во својот автомобил „Фолксваген Голф“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.
Случајот во СВР Велес бил пријавен вчера, 2 септември, во 10:12 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство.
На местото извршила увид увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот К.К. било дадено на обдукција.





















