Ангел Мицевски-Скакар награден со „8 Септември“: 65 години сум во борењето и уште го носам во срцето

По повод Денот на независноста – 8 Септември, на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија беа доделени државните признанија на спортисти, тренери и спортски работници кои со својата работа оставиле значајна трага во македонскиот спорт.

Zito baner

Меѓу добитниците на еднократната награда годинава е и Ангел Мицевски-Скакар, долгогодишен работник во борењето, спорт на кој му го посветил речиси целиот свој живот.

Agria

Мицевски-Скакар денес има 82 години, а дури 65 години е дел од борењето колку што и постои боречкиот клуб Борец Велес.. За него, ова признание е особено значајно бидејќи доаѓа по децении посветеност на спортот и генерации борачи со кои работел.

„Имам 82 години, а 65 години сум во борењето. Тоа е голем дел од мојот живот. Борењето ми е во срцето и никогаш не сум го гледал само како спорт, туку како начин на живот. Оваа награда за мене е голема чест и признание за сите овие години поминати во борењето. Најголема радост ми е што сум оставил нешто зад себе и што сум помогнал во создавањето на нови генерации борачи“, вели Мицевски-Скакар.

Државната награда „8 Септември“ се доделува како признание за спортисти, тренери и спортски работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт.

Годинава, покрај Ангел Мицевски-Скакар, наградата за остварувања во областа на спортот им припадна и на Димче Ангелов и Ацо Крстов од борење, како и Дејан Ангеловски од атлетика.

Наградата за животно дело, која е од траен карактер, му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник.

За Мицевски-Скакар, пак, признанието е своевидна потврда дека 65 години посветеност на борењето не поминале незабележано.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: