Автомобил се заби во столбот од билбордот кај поранешна „Авона“ во Велес

Автомобил „Фолксваген“, со велешки регистарски таблички, попладнево се заби во столбот од билбордот кој се наоѓа точно пред „Жито маркет“ кај поранешната „Авона“ во Велес.

Zito baner

Според првичните информации, автомобилот се движел од правец на трговскиот центар, при што од засега неразјаснети причини удрил во кружниот тек, а потоа завршил во столбот од билбордот.

Agria

На местото на настанот во моментов се присутни полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на возачот, ниту дали во незгодата има други повредени лица. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: