Велешката полиција приведе 41-годишен маж од село Горно Оризари, осомничен дека физички ја нападнал својата 37-годишна партнерка.
Од СВР Велес информираат дека на 8 септември во 15:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б. (41), кој привремено престојувал во дом во Велес.
Тој бил приведен по претходно поднесена пријава дека во домот физички ја нападнал партнерката.
Е.Б. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






















