Од сабота, 12 септември, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, објави Министерството за внатрешни работи.
По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.
Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.
Целта е поголема сообраќајна дисциплина и побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.


















