Лозановски, Беквалац и Црвена Јабука на Питијада 2026

Дел од музичката програма за овогодишната „Питијада“ во Велес веќе е познат. Фестивалот на велешка пита и вино ќе се одржи од 9 до 11 октомври, на досегашната локација, позната меѓу велешани како „Кај Панини“.

Zito baner

Петок традиционално ќе започне со најмладите, односно со настап на децата од градинката, по што следува подготовката на џиновската пита пастрмајлија. Вечерта ќе заврши со настап на Влатко Лозановски.

Agria

Саботната вечер е резервирана за балканската музичка ѕвезда Наташа Беквалац, додека во недела на сцената, по барање на повеќе велешани, ќе настапи „Црвена Јабука“. Пред нив ќе пее Давид Темелков.

Останатите учесници во музичката програма сè уште се договараат, па конечната програма ќе биде дополнително објавена.

Еден од најпосетените велешки фестивали и годинава ќе ги спои традиционалната велешка пита, виното и музиката, во три фестивалски вечери.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: