Уште еден голем меѓународен успех за Велес. Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, под диригентската палка на Веселинка Маџарова, освои златен медал и прво место на интернационалниот натпревар „Music and See“ во Паралија, Грција.
Младите велешки хористи ја воодушевија публиката со своите настапи, а каде и да се појавеа беа вистинска атракција. Нивната енергија, сценски настап и изведба го привлекуваа вниманието на присутните, а настапот на натпреварот им донесе и највисоки оценки.
Успехот има уште поголема тежина бидејќи „Music and See“ важи за натпревар со силна меѓународна конкуренција, на кој учествуваат голем број квалитетни хорови.

Посебни пофалби доби и диригентката Веселинка Маџарова. Жирито го пофали изборот на композициите, како и начинот на кој хорот е подготвен и воден. Со освоеното прво место и златниот медал, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ уште еднаш покажа дека Велес има млади таленти кои можат рамноправно да застанат на големата меѓународна музичка сцена.






















