Триесет и четиригодишна велешанка била приведена синоќа откако полицијата утврдила дека управувала автомобил под дејство на алкохол.
Според информациите од СВР Велес, на 19 септември околу 20 часот, при сообраќајна контрола на крстосницата меѓу улиците „Академик Пенчо Давчев“ и „Васил Иљоски“, полициски службеници сопреле автомобил „фиат“ со велешки регистарски ознаки.
При извршената проверка било утврдено дека 34-годишната возачка имала 1,55 промили алкохол во крвта.
По насоки на јавен обвинител, таа била задржана во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.






















