Превалец го запиша првиот триумф во сезоната

Екипата на Превалец го направи првото славје во новата сезона од Третата фудбалска лига – Регион 4. Во второто коло, велешкиот тим на домашен терен убедливо го совлада прилепскиот Ултрас со 3:0.

Zito baner

Превалец поведе во 19. минута преку Давид Спиридов, а предноста беше удвоена во финишот на првото полувреме. Ордан Нешов во 40. минута погоди за 2:0.

Agria

Конечниот резултат го постави Лука Наумов во 70. минута, со што Превалец стигна до сигурна победа од 3:0 и ги освои првите бодови во првенството.

Во следното коло Превалец ќе гостува кај екипата на Влазними Јуниор.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: