Општинската фудбалска лига Велес започна со изненадување, Плавник до бод против шампионот

Викендов започна новата сезона во Општинската фудбалска лига на ОФС Велес, а во првото коло беа одиграни четири натпревари. Најголемото изненадување го приреди екипата на Горски, која на гостински терен го совлада актуелниот освојувач на Купот на ОФС Велес, Младост 1976, со минимални 0:1. Единствениот погодок за Горски го постигна Стефан Панов во 88. минута.

Zito baner

Пораз во првото коло доживеа и минатогодишниот третолигаш Тополка, која на гостински терен загуби од Раштани со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Даниел Трајковски во 88. минута.

Agria

Интересен натпревар одигра дебитантот во лигата, Плавник од село Мелница, кој на гостински терен освои бод против минатогодишниот шампион Форца Нова, одигрувајќи 2:2.

Форца Нова прв го имаше водство. Зоран Трајков погоди во 30. минута, но само седум минути подоцна Армен Мемедов израмни за Плавник. Во вториот дел Ален Мехмед во 52. минута донесе пресврт и водство за дебитантот, а конечните 2:2 ги постави Бране Петровски во 60. минута.

Во Градско пак Локомотива рутински го совлада тимот на Врановци со 3:0. Стрелци на головите беа, Костадин Лазов во 21 минута, Ерсан Шабанов во 33 минута и Робин Шабаноски во 55 минута од натпреварот.

Со оглед на резултатите од првото коло, новата сезона во Општинската фудбалска лига Велес започна со неколку интересни резултати и најава за неизвесна борба за врвот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: