Башкими без победа во новата сезона, Стефановски си замина по ремито со Венец

Екипата на Башкими од Горно Јаболчиште и по третото коло останува без победа во новата сезона. На домашен терен во населбата Чашка, Башкими одигра без голови, 0:0, против Венец од Долни Дисан.

Zito baner

Ремито беше проследено и со промена на тренерската позиција. Од клубот информираа дека со заемна согласност е прекината соработката со тренерот Драган Стефановски.

Agria

„ФК Башкими Јаболчиште му се заблагодарува на тренерот Стефановски за досегашната работа, професионалноста и карактерот што ги покажа во текот на соработката“, порачаа од клубот, упатувајќи му благодарност за придонесот и желби за успех во понатамошната професионална кариера и личниот живот.

Башкими во следното коло го очекува тешко гостување во Прилеп, каде ќе се соочи со екипата на Ултрас.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: