Косовецот Арбенит Бекирај победник на HEO ORIZARI SURVIVAL 2026

Арбенит Бекирај од Косово е победник на хард ендуро трката „HEO ORIZARI SURVIVAL 2026“, која вчера се одржа на специјално подготвената патека во близина на селото Оризари.

Zito baner

На атрактивната и исклучително тешка трка учествуваа повеќе од 70 натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Грција и Бугарија, кои имаа можност да ги покажат своите вештини и издржливост на патеката подготвена токму за оваа дисциплина.

Agria

Најуспешен беше Бекирај од Косово, кој ја освои победничката позиција. Второто место му припадна на неговиот сонародник Блерим Алиу, додека трет заврши Петар Бенчев од Бугарија.

Хард ендурото во последните години бележи сè поголема популарност во Европа и на Балканот. Оваа дисциплина е препознатлива по исклучително тешките теренски услови, стрмните делници, природните и вештачки препреки, но и по големиот адреналин и физичката подготвеност што ја бара од натпреварувачите.

„HEO ORIZARI SURVIVAL 2026“ понуди токму таква комбинација – суров терен, тешки предизвици и неизвесна борба до самиот крај, со учесници од пет земји кои на патеката во близина на Оризари приредија вистински хард ендуро спектакл.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: