УГД Штип е освојувач на „Чајка“ Супер купот 2026 во машка конкуренција, откако во финалето со убедливи 3:0 (25:15, 25:16, 25:15) го совлада ГОК Борец.
Штипјани до првиот пехар во новата сезона стигнаа по натпревар во кој Борец даваше силен отпор во почетните делови од сетовите. Велешкиот состав на моменти имаше и предност од два до три поени, но УГД Штип успеваше да го сврти текот на играта во своја корист во завршниците.
Клучна се покажа подолгата клупа, поголемиот избор во ротацијата и искуството во редовите на штипскиот тим, кој по средината на секој сет постепено ја зголемуваше разликата.
Репрезентативецот Александар Љафтов беше предводник на УГД Штип во финалето, а неговиот настап беше крунисан со признанието за МВП на машкиот „Чајка“ Супер куп 2026.






















