Дрва без документација и службен чекан запленети кај Теово, тројца приведени

Traktor so drva

Тројца жители на Чашка и Велес се лишени од слобода откако полицијата кај местото „Присој“, во атарот на село Теово, открила товарно возило натоварено со огревни дрва без соодветна документација.

Zito baner

СВР Велес информира дека на 7 октомври околу 15:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н.(53) од Лисиче, С.К.(33) од Горно Врановци и Б.К.(57) од Велес.

Agria

При контролата било затекнато товарно возило „МАН“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва. Дел од дрвата биле без жиг, додека другите биле обележани со жиг.

Според полицијата, Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација за дрвата, а за дел од обележаните дрва бил користен службен „чекан“ кој наводно им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ – Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител. Дрвата и останатите предмети биле одземени, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: