46 крвни единици на акцијата во „Коле Неделковски“, 26 лица даруваа крв за првпат

Успешно реализирана крводарителска акција во Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес, на која беа собрани 46 крвни единици. Особено значајно е што 26 лица за првпат се приклучиле на хуманата мисија и дарувале крв.

Zito baner

Акцијата беше реализирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во соработка со училиштето.

Agria

Во спроведувањето на крводарителската акција учествуваа и двајца волонтери од Клубот на млади на Црвениот крст – Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: