ФК Борец 1919 од Велес ги доби трите бода на зелена маса за натпреварот со Вардар од Неготино, кој заврши нерешено 2:2 на теренот, но потоа беше регистриран со службен резултат 0:3 во корист на Борец.
Причината за одлуката, се неподмирените обврски на Вардар од Неготино кон регионалниот сојуз за жолти и црвени картони, како и жалбата поднесена од Борец 1919.
Со оваа одлука, Борец ги добива трите бода и по четири одиграни кола има вкупно 10 бодови, со што се искачи на второто место на табелата, зад лидерот Победа од Прилеп, која има 12 бодови.
Во следното, петто коло, Борец 1919 на домашен терен во Велес ќе го пречека Росоман-83, во недела, на 11 октомври, со почеток во 15:30 часот.

























