Два одделни случаи во Велес: Објавена експлицитна содржина од жена, вознемирени и две малолетни деца

55-годишен велешанец бил повикан на службен разговор во полиција откако претходно било пријавено дека на профил на социјална мрежа објавил материјал со експлицитна содржина од 42-годишна велешанка. Според пријавата, материјалот бил избришан по кратко време.

Zito baner

Од СВР Велес информираат дека службениот разговор бил извршен на 9 октомври во 13:15 часот и дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Agria

Во друг случај, 43-годишен велешанец пријавил дека неговите две малолетни деца биле вознемирени од две машки лица додека се движеле по улица во Велес. Според пријавата, лицата му побарале на едното дете телефонски број и го прашале дали користи социјални мрежи.

Настанот бил пријавен во СВР Велес на 9 октомври во 22 часот. Известен бил јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: