Борец Баскет со победа над Ангели ја отвори сезоната во Првата лига

Кошаркарите на Борец Баскет со победа ја започнаа новата сезона во Првата кошаркарска лига. Велешани, условно во улога на домаќини во Штип поради реновирањето на спортската сала „Гемиџии“, го совладаа составот на Ангели со 88:74.

Zito baner

И покрај драстично променетиот и подмладен состав во однос на минатата сезона, Борец Баскет успеа да стигне до триумф на стартот од првенството и да ги освои првите бодови.

Agria

По почетните 20:20 во првата четвртина, велешкиот состав одигра одлична втора четвртина која ја доби со 27:11 и практично го реши натпреварот уште на полувреме. Вториот дел беше само рутински одработен за прва победа во првенството.

Во следното коло велешкиот тим повторно ќе биде домаќин, а за противник ќе го има составот на Младинец. Нивниот следен ривал во првото коло загуби од Црн Дрим со 76:87.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: